30.04.2021. |
Во храмот на светото Вознесение Христово во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на верници чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување на постраданиот и погребан, Спасителот Господ Исус Христос на која беа прочитани Пофални песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок, а потоа се изнесе светата Плаштаница околу храмот.
|