Седница на Епархиски управен одбор |
25.02.2021. | |
На 23.02.2021 година, во седиштето на Повардарската епархија во Велес се одржа редовна седница на Епархискиот управен одбор на Повардарската епархија. Со седницата раководеше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на истата беа усвоени Завршната сметка на Епархијата за 2020 година, како и Предлог буџетот на Епархијата за 2021 година. На седницата беа дискутирани повеќе тековни теми од црковниот живот во Повардарската епархија. |
< Претходно | Следно > |
---|