Чествување на патронот во Македонската богословија |
8.12.2020. | |
![]()
Чествувањето на патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, светиот чудотворец Климент Охридски, секоја година најпрво започнува со празнични активности во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Чествувањето започна со Вечерна богослужба во капелата на Македонската богословија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а присуствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На вечерната богослужба сослужуваа свештениците, професори во Богословијата, а молитвено сите ученици богослови. По завршувањето на Вечерната богослужба, беа доделени наградите на богословите со најдобри дела од конкурсите за проза и поезија. На крајот до сите присутни со празнично слово се обрати и ректорот на богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел. |
< Претходно | Следно > |
---|