Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети великомаченик Димитриј
Sample Image
 
Sample Image
 
Свети великомаченик Димитриј
9.11.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image

На празникот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од градот Велес отслужи Света Божествената Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

На Божествената Литургија присуствуваа голем број на верници, кои традиционално секоја година молитвено му се поклонуваат на светиот великомаченик Димитриј и го молат за застапништво на нивните души пред престолот на Господ Бог.

На Литургијата со празнично слово се произнесе протоереј Ристе Јанушев, по што верниците пристапија кон причестување со Телото и Крвта Христови.

 

 
< Претходно   Следно >