Соопштение |
26.10.2020. | |
Пандемијата од вирусот КОВИД-19 зема се поголем замав и се поголем број наши браќа и сестри Македонци се веќе носители на овој вирус, а голем дел не успеаа да се изборат со него. Препораките во ова зло време ги знаеме добро и мораме да се придржуваме сите кон нив, но нашата најголема заштита е молитвата кон Севишниот Бог Исус Христос, Неговата Пресвета мајка Богородица и целата Небесна ерархија и тоа е нешто кое, ние, свештенството, мораме непрестајно и неуморно да го правиме. Затоа на 01. 11. 2020 година (Недела) со почеток во 08.15 часот ќе отслужиме Света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес на која ќе ја донесеме чудотворната икона на Царицата Небесна, Богородица – Согленска од манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Согле, за која се врзуваат голем број чудеса и ќе направиме Литија околу црквата, која ќе ја предводи Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а потоа пред неа, сите заедно ќе се помолиме на докторот над докторите, нашиот Спасител и Бог, Господ Исус Христос да го заштити целиот Македонски род и целиот свет во овие тешки мигови. |
< Претходно | Следно > |
---|