Литургија во манастирот „Св. Јован“ во Ветерско |
29.09.2020. |
На 29. 09. 2020 година, по повод прославата од годишнината од преосветувањето на манастирската црква „Св. Јован Крстител“ во Ветерско, се отслужи Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од сите намесништва на епархијата, а молитвено присуствуваа многумина верни. По завршување на Литургијата се осветија славските колачи.
|