Ракополагање на свештеник Ѓоко Белчовски |
22.09.2020. |
На 20.09.2020 година, вo црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел. На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во чин свештеник, ѓаконот Ѓоко Белчовски од Берово. Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род. Празнична беседа произнесе протоереј Борислав Бобевски.
|