Дванаесеттата недела по Педесетница |
1.09.2020. | |
На 30 август 2020 година, во Дванаесеттата недела по Педесетница, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритот Нектариј и бројно свештенство на МПЦ-ОА. По завршувањето на Литургијата беше осветена новата Митрополитска резиденција, во дворот на манастирот на Плаошник, која што е продолжение на возобновувањето на Светиклиментовиот манастир. |
< Претходно | Следно > |
---|