Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Православна светлина бр. 54

Почитувани деца, ученици, студенти, професори, наставници и родители!

Би сакале да Ве известиме дека на 30. 09. 2020 година, среда, кога Светата Православна Црква ќе го чествува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес со почеток во 09, 00 часот ќе се отслужи Света Божествена Литургија. По Литургијата ќе се отслужи молебен за успешен почеток на школската година. Дојдете, заеднички да се помолиме Човекољубиот Господ и нашиот Спасител, Исус Христос, во овие тешки времиња да ги просветли сите ученици, да им даде сила и успех во учењето, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква.

Овој чин на Призив на Светиот Дух ќе се отслужи во сите поголеми цркви ширум Повардарската епархија.

 
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 

 
Православна светлина бр. 54
6.07.2020.
Sample Image Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“.  И во овој, 54-ти број, обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
 
Електронска (PDF) верзија на списанието.
 
< Претходно   Следно >