Матурира 52 генерација во Богословијата |
19.06.2020. |
На ден 17. 06. 2020 година во Македонската православна богословија (МПБ) „Свети Климент Охридски“ во Скопје започна полагањето на матурските испити на Lll генерација ученици-богослови, кои во изминатите 5 години се школуваа во нашиот Светиклиментов расадник, стекнувајќи се со потребните богословски знаења и подготвувајќи се за идна свештенослужителска и вероучителска дејност во Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Денес по четвртти пат во својство на пратеник, претставник на САС на МПЦ-ОА заедно со Ректорот на МПБ, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот г. Агатангел како и во присуство на предметните професори го отпочнавме полагањето на зрелосениот испит. Матурскиот испит традиционално стартуваше со писмена работа, а во следните денови матурантите ќе ги полагаат и предвидените стручни предмети. Овогодинешните матурски испити ќе траат до 26. 06. 2020 година. На сите богослови при 52 генерација им посакувам успех во полагањето на престојните испити. Нека Семудриот Бог ги просветли во науката над науките. Преземено од сајтот на Тетовско-гостиварската епархија.
|