Канонска визитација во гевгелиското намесништво |
1.06.2020. |
На 29. 05. 2020 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел беше во посета на неколку цркви во гевгелиското архиерејско намесништво. Тој ги посети црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија, црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Богданци и црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Пирава. Сите овие цркви се наоѓаат во фаза на фрескоживописување, а при црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија се градат нови црковни простории со нова крштална.
|