Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Света Божествена Литургија, село Клисура

Почитувани деца, ученици, студенти, професори, наставници и родители!

Би сакале да Ве известиме дека на 30. 09. 2020 година, среда, кога Светата Православна Црква ќе го чествува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес со почеток во 09, 00 часот ќе се отслужи Света Божествена Литургија. По Литургијата ќе се отслужи молебен за успешен почеток на школската година. Дојдете, заеднички да се помолиме Човекољубиот Господ и нашиот Спасител, Исус Христос, во овие тешки времиња да ги просветли сите ученици, да им даде сила и успех во учењето, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква.

Овој чин на Призив на Светиот Дух ќе се отслужи во сите поголеми цркви ширум Повардарската епархија.

 

 

Послание до благочестивиот македонски народ од Повардарската епархија!

 

 Се известуваат сите верници од градот Велес дека во чест на Рождеството на Мајката Божја, на 20. 09. 2020 (Недела), на Вечерна Богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 17 часот, ќе биде отслужен Молебен канон на Пресвета Богородица со читање на Богородичниот Акатист, на која сите верници ќе можат да принесат петолебие за здравје и благосостојба.

 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 

 
Света Божествена Литургија, село Клисура
22.05.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Преносот на моштите на Светиот Никола, Чудотворец Мирликиски, се отслужи Света Божествена Литургија во црквата посветена на овој светител во демиркапиското село Клисура. На Литургијата сослужуваа свештеници од кавадаречкото архиерејско намесништво, а присуствуваа многумина верници од ова село, како и од Демир Капија, Неготино и Кавадарци. По завршувањето на Литургијата, свештенослужителите се упатија во дворот на црквата каде беше осветена вода и беа прекршени славските лебови.

Пренос на моштите Светиот Никола, Чудотворец Мирликиски

Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така и од мирото коешто изобилно се лееше од нив. На овој ден уште се споменува и чудото извршено над српскиот крал Стефан Дечански, т.е. како Свети Николај му го врати видот на слепиот крал Стефан.

 
< Претходно   Следно >