Панихида за протоереј-ставрофор Алексеј Моргуљ |
18.05.2020. |
На 16.05.2020 година, во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“ во с. Пирава, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел се одржа панихида за протоереј-ставрофор Алексеј Моргуљ и протопрезвитера Текла Моргуљ. Протоереј-ставрофор Алексеј Моргуљ е родум од Полтава, Украина. Принуден од виорот на војната, октомвриската револуција, во 1918 година ја напушта Украина и се доделува во Македонија каде работи како професор во Битолската богословија, а потоа и како парохиски свештеник во Пиравската парохија. На панихидата присутни беа конзулот на Украина во Македонија, г. Константин Куценко и претседателот на Украинската дијаспора во Македонија г. Александар Урбанович.
|