Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Свети Атанасиј Велики

Почитувани деца, ученици, студенти, професори, наставници и родители!

Би сакале да Ве известиме дека на 30. 09. 2020 година, среда, кога Светата Православна Црква ќе го чествува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес со почеток во 09, 00 часот ќе се отслужи Света Божествена Литургија. По Литургијата ќе се отслужи молебен за успешен почеток на школската година. Дојдете, заеднички да се помолиме Човекољубиот Господ и нашиот Спасител, Исус Христос, во овие тешки времиња да ги просветли сите ученици, да им даде сила и успех во учењето, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква.

Овој чин на Призив на Светиот Дух ќе се отслужи во сите поголеми цркви ширум Повардарската епархија.

 

 

Послание до благочестивиот македонски народ од Повардарската епархија!

 

 Се известуваат сите верници од градот Велес дека во чест на Рождеството на Мајката Божја, на 20. 09. 2020 (Недела), на Вечерна Богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 17 часот, ќе биде отслужен Молебен канон на Пресвета Богородица со читање на Богородичниот Акатист, на која сите верници ќе можат да принесат петолебие за здравје и благосостојба.

 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 

 
Свети Атанасиј Велики
15.05.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image На денот на кој Светата православна црква го чествува Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, се отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Неготино, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот. На Литургијата сослужуваа свештенослужители од кавадаречкото намесништво. Повеќе верници застанаа пред Светиот Путир, примајќи ги Светите Христови дарови, а потоа беа прекршени и празничните колачи.

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски    

Sample ImageНа денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и подвигот на овој светител се опишани под 18 јануари: Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но, неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

 

 
< Претходно   Следно >