Источен Петок - Балаклија |
24.04.2020. |
Балаклија, односно Источeн Петок е денот што духовно го обединува градот Велес и неговите жители. Овој ден се прославува како слава на градот Велес, при што центарот на празнувањето е манастирскиот комплекс „Св. Димитриј“ и околните цркви „Св. Петка“ и „Св. Никола“. За жал, оваа година, поради одлука на кризниот штаб за справување со пандемијата во Велес, беше прекината вековната традиција на Велешани, кои масовно ги посетуваат овие три христијански храмови на овој ден, односно беше забранет приод кон овие светилишта. Во манастирот „Св. Димитрија“, во предвечерјето на празникот се отслужи Вечерна Богослужба, а на самиот ден се отслужи Света Божествена Литургија.
|