22.04.2020. |
Најрадосната вест за православните христијански души, веста за Воскреснието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос беше објавена точно на полноќ во сабота спроти недела низ сите храмови ширум светот. Милиони верни души ширум целиот свет извикуваа „Навистина Воскресна“! Во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја објави најторжествената и најрадосната вест на Православието, а потоа отслужи Велигденска Воскресна Литургија.
|