17.04.2020. |
На Велики Петок утрото, кога светата Православна Црква го чествува споменот на погребението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во храмот „Св. Спас“ и црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, се отслужија Царските Часови и Вечерната богослужба, на која, како што е превидено според типикот, беше изнесена плаштаницата среде храмот. Во истите цркви, во вечерните часови на Велики Петок, беше отслужена богослужбата на Оплакување на постраданиот и погребан, Спасителот Господ Исус Христос на која беа прочитани Пофални песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок, а потоа се изнесе светата Плаштаница околу храмот.
|