Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Соопштение
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 

 
Соопштение
13.04.2020.

Драги браќа и сестри,

Воскресението на Христос не е само еден историски настан, туку тоа во себе ја содржи силата која може да го преобрази светот. И само преку верата во Воскресението можеме да ја доживееме оваа сила и светлина, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови.

Се молам татковски од длабочините на моето срце, светлината и радоста на Воскресението Христово да го исполнат целиот свет, да се исполниме со вера, надеж и љубов за подобро утре, и што поскоро да нѐ одмине ова страдање, од кое никој не е поштеден. Светлината Христова да ги просветли сите.

Возљубени наши духовни чеда,

Поради пандемијата со корона вирусот (КОВИД 19), иако црквите ќе бидат отворени, во нив ќе служат само свештениците. Затоа, за да ја почувствувате Воскресенската радост која ги осветлува срцата и душите, Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните, кои ќе го означат Христовото Воскресение, со запалени осветени црковни свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на Вашите балкони, Вашите дворови или пак, во Вашите дневни простории и громогласно да ја запеете Воскресенската песна „Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари.

Честитајќи ви го празникот преку електронските медиуми Ве поздравувам со најрадосниот христијански поздрав Христос Воскресна. Бог да го благослови Македонскиот народ и нашата света македонска држава.

Христос Воскресна!

Митрополит Повардарски г. Агатангел

 

 

 

 
< Претходно   Следно >