7.04.2020. |
И годинава, голем број на верници во Велес ги посетија православните храмови, присуствувајќи на Божествената Литургија по повод овој ден, за повторно и повторно да ја слушнат благата вест. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. Света Божествена Литургија се отслужи во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Борис Симоновски во сослужение на протоереј Ристе Јанушев и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски.
|