Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Принесени молитви за заштита од заразни болести
Принесени молитви за заштита од заразни болести
25.03.2020.

 

Sample Image

 

Sample Image Следејќи ја традицијата на Светата Православна Црква, кога за време на војни, суша, земјотреси, епидемии и други несреќи, во минатото биле спроведувани литии со икони, крстови, света вода и свети мошти, со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, денес, во сите градови и населени места од Повардарската епархија со света вода беа попрскани улиците, беше прочитана молитва и беше побарано благослов од Бога за престанок на глобалната пандемија и на погубната зараза. Следејќи ги препораките од државните органи, за да не се собира голем број на народ, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, благослови овој чин свештенството да го отслужи во движење, со помош на возила, што е редовна пракса при вакви вонредни состојби и во други држави и помесни Православни цркви.

Бог да ја благослови нашата татковина Македонија и нека ги штити од разни болести и зарази сите оние кои живеат во неа.

 ГЕВГЕЛИЈА - ФОТОГАЛЕРИЈА                                     КАВАДАРЦИ - ФОТОГАЛЕРИЈА

 

 
< Претходно   Следно >