Духовна академија - Недела на Православието |
17.03.2008. | |
По повод празникот
„Недела на Православието“ во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ беше одржана Духовна Академија, на која ѓаконот Влатко Стоименов ги запозна присутните со историските околности на Седмиот Вселенски Собор, на кој повторно беа воспоставени иконите во храмовите, како и со теологијата на иконата.
На Духовната Академија и претходеше Вечерна
богослужба на која присуствуваше целото патство на Повардарската
епархија, а манифестацијата беше збогатена и со велелепните звуци на
црковниот хор „Св. вмч. Пантелејмон“.
Митрополитот Повардарски г. Агатангел истакна дека
на овој ден, секоја година традиционално ќе се одржуваат слични
манифестации.
Празникот
Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно
празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно
воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се
прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на
торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите
ереси.
|
< Претходно | Следно > |
---|