9.03.2020. |
Во Неделата на Православието, се отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата служеа протоереј-ставрофор Горан Панзов, свештеник Јани Мулев, протоѓакон Влатко Стоименов и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски. По Литургијата беше извршен молебен кој традиционално се извршува во Неделата на православието. Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси.
|