9.03.2020. |
Во првата сабота од Великиот Пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата служеа протоереј-ставрофор Борис Симоновски, свештеник Јани Мулев и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски. Светата Литургија на Тодорова сабота, како и секоја година, ја одбележаат големиот број верници кои доаѓаат во храмовите ширум Повардарската епархија да ги примат Светите Христови Тајни, па така и оваа година во храмовите во градот Велес, пристапија речиси сите присутни верници кон светиот Путир, за да ги примат светите Тајни.
|