2.03.2020. |
Во Неделата на простувањето - Прочка, се отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На Литургијата служеа протоереј Ристе Јанушев, протоѓакон Влатко Стоименов и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски, а присуствуваа голем број верници од Велес, кои молитвено побараа прошка од Бога. Со празнична беседа се обрати протоереј Ристе Јанушев, кој не повика сите да го искористиме денот на простувањето за да отидеме кај своите најблиски и кај сите на кои сме погрешиле за да речеме прости ми и да се обидеме од денешниот ден, па се до Воскресението Христово да ја исполниме нашата душа со чистота, добрина, љубов, милосрдие и на тој начин да се обидеме да се соединиме со нашиот Бог, Господ Исус Христос.
|