17.03.2008. |
Тодорова сабота, како и секоја година, ја одбележаа големиот број
верници кои дојдоа во храмовите ширум Повардарската епархија да ги
примат Светите Христови Тајни.
Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Божествената
Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, во
сослужение на поголем број свештенослужители. Тој во својата беседа ја
истакна големината на Светата Тајна - Евхаристија, но им упати и
порака на присутните верници да не го користат овој ден за лажно
причестување, туку вистински да се подготват со пост, молитва, исповед
и искрено покајание за достојно да застанат пред Светиот Путир.
|