3.01.2020. |
Ден пред големиот христијански празник Богојавление - Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. Оваа година осветувањето на водите се изврши во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, каде се отслужи Вечерна со Златоустова Литургија, а потоа во сослужение на присутните свештеници Митрополитот Повардарски г. Агатангел ја освети водата за здравје и спасение на верниците.
|