3.01.2020. |
На Бадник, Митрополитот Повардарски г. Агатангел присуствуваше на светата Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. По завршувањето на Литургијата беа осветени Бадниковите гранчиња, а Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња. Потоа, четврта година по ред беше организирана Бадникова поворка, во која мноштво дечиња, пеејќи ја Божикната (Бадниковата) песна Вечниот Бог, се движеа по улиците на градот Велес.
|