2.01.2020. |
На 31 декември ноќта со почеток од 23 часот се отслужи сеноќно бдение во Велес. И оваа година насекаде се раширија молитвите упатени во храмот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во градот Велес. На бдението чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија. Верното христијанско стадо кое го имаше во многуброен број од ширум цело Повардарие, достојно и пристапи на Светата Причест, а на крајот сите заедно присуствуваа на една љубовна трпеза.
|