Распоред за претстојните празнични богослужби |
30.12.2019. | |
РАСПОРЕД ЗА БОГОСЛУЖБИ ЗА БОЖИКНИТЕ И БОГОЈАВЛЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ВО ВЕЛЕШКОТО АРХИЕРЕЈСКО НАМЕСНИШТВО - 05.01. 2020 год. (Недела) Преп. Наум Охридски - параклис Преп. Наум Охридски во склоп на црквата Успение на Пресвета Богородица - Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 08.15 часот; - храм Св. Кирил и Методиј - Света Златоустова Литургија со почеток во 09.00 часот;
- 06.01. 2020 год. (Понеделник) Претпразненство на Божик - БАДНИК - ЦАРСКИ ЧАСОВИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО - храм Св. Кирил и Методиј - Вечерна со Света Василиева Литургија со почеток во 07.30 часот и Празнична Бадникова Поворка која ќе биде благословена од Митрополит Повардарски г. Агатангел со почеток во 11.30 часот (Бадниковата поворка ќе заврши во дворот на црквата Св. Кирил и Методиј); - храм Успение на Пресв. Богородица - ЦАРСКИ ЧАСОВИ НА РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО со Вечерна и Света Василиева Литургија 07.30 часот;
- 07.01. 2020 год. (Вторник) Рождество Христово - БОЖИК - соборен храм Св. вмч. Пантелејмон - Света Божикна Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 08.30 часот; - храм Св. Кирил и Методиј - Света Божикна Златоустова Литургија со почеток во 09.00 часот; - храм Успение на Пресвета Богородица - Света Божикна Златоустова Литургија со почеток во 08.30 часот;
- 12.01. 2020 год. (Недела) Св. Гаврил Велички - параклис Св. Гаврил Велички во склоп на црквата Успение на Пресвета Богородица - Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 08.15 часот; - храм Св. Кирил и Методиј - Света Златоустова Литургија со почеток во 09.00 часот;
- 14.01. 2020 год. (Вторник) Обрезание Господово; Св. Василиј Велики - храм Св. Кирил и Методиј - Света Василиева Литургија на која ќе присуствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 09.00 часот; - храм Успение на Пресвета Богородица - Света Василиева Литургија со почеток во 08.30 часот;
- 17.01. 2020 год. (Петок) УТРЕНА СО ЦАРСКИ ЧАСОВИ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ И ИЗОБРАЗИТЕЛНА - параклис Преп. Наум Охридски во склоп на црквата Успение на Пресвета Богородица - ќе присуствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 08.00 часот; - храм Св. Кирил и Методиј - УТРЕНА СО ЦАРСКИ ЧАСОВИ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ И ИЗОБРАЗИТЕЛНА со почеток во 08.00 часот;
- 18.01. 2020 год. (Сабота) Св. мч - ци Теопемт и Теон - ВОДОКРСТ - храм Успение на Пресвета Богородица - Света Златоустова Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 08.15 часот и ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ (во храмот) после завршувањето на Литургијата; - храм Св. вмч. Пантелејмон - Света Златоустова Литургија со почеток во 08.30 часот и ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ (во храмот) после завршувањето на Литургијата; - храм Св. Кирил и Методиј - Света Златоустова Литургија со почеток во 08.30 часот и ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ (во храмот) после завршувањето на Литургијата;
- 19.01. 2020 год. (Недела) Богојавление - ВОДИЦИ - храм Св. Вознесение Христово - Света Василиева Литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Повардарски г. АГАТАНГЕЛ со почеток во 08.15 часот и Празнична Богојавленска Литија до Малото Мовче на реката Вардар, каде ќе се изврши ГОЛЕМ БОГОЈАВЛЕНСКИ ВОДОСВЕТ со почеток 11.30 часот ; - храм Св. Кирил и Методиј - Света Василиева Литургија со почеток во 09.00 часот;
- 20.01. 2020 год. (Понеделник) Собор на Св. Јован Крстител - манастир Св. Јован Крстител - с. Ветерско - Света Златоустова Литургија со почеток во 08.30 часот;
|
< Претходно | Следно > |
---|