Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Чествување на патронот во Македонската богословија
Sample Image
 
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
 
 
Чествување на патронот во Македонската богословија
7.12.2019.
 
Sample Image
 
Sample Image Чествувањето на патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, светиот чудотворец Климент Охридски, секоја година најпрво започнува со празнични активности во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Оваа година прославуваме 52 годишнина од почетокот на функционирањето на богословијата како образовна институција, која роди и образува многумина духовни пастири на нашата света црква.

Чествувањето започна со Вечерна богослужба во црквата „Св. Спас“ во Драчево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски  г. Јосиф, а присуствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, потоа ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештенослужители, а молитвено присуствуваа голем број на свештеници, професори во Богословијата и сите ученици богослови.

По завршувањето на Вечерната богослужба, започна чествувањето во капелата на Македонската богословија, кадешто Митрополитот Тетовско-гостиварски  г. Јосиф го освети празничниот колач. По ова беа доделени наградите на богословите со најдобри дела од конкурсите за проза и поезија. На крајот до сите присутни со празнично слово се обрати и ректорот на богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 
< Претходно   Следно >