Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow За изладувањето на срцето
За изладувањето на срцето
13.03.2008.

 Не врзувај го своето срце за ништо друго, освен за Бога (Теофан Затворник).

 

Живеењето со Бога не е зависно од нас. Бог сам наоѓа душа и í дарува бодрост и внатрешна слобода. Ако Бог се оддалечи од неа, таа останува празна и осиромашена: но да Го поврати Него назад не е во нејзина моќ. Бог се оддалечува за да ја испита душата, или пак за да ја казни за нејзини извесни внатрешни грешки. Ако ја испитува, тогаш Он на нејзиниот повик бргу се враќа. Но, ако се оддалечува заради казна, тогаш Он остава ја долго да чека, сè додека душата да ги согледа своите грешки, да ги исповеда и да се покае.

Некогаш настанува изладување, кога душата во молитвата, во читањето и Богоосознавањето многу се напрегнува, па ќе почувствува потреба за мир и за прекинување на својата напорна дејност. Таквата состојба треба да се прифати зашто таа е минлива. Изладување на подолго настапува само ако постојано се живее во страстите и упорно се останува во грев.

Заладувањето е горчлива состојба и е полна со опасности. Неговиот извор очигледно го прават гревовите или невистинските мисли, лошите чувства и склоности. Пред сè се изладува срцето, молитвата пресушува преку празнословие, презафатеност и многугрижливост, расеаност, саможивост и страсни движења: преку неумерено јадење и пиење, преку сетилноста, преку осудувањето на другите, а пред сè – преку гордоста и самоувереноста. Кога некој не ги забележува своите грешки, тоа е знак дека се наоѓа во сатанска состојба: ѓаволот никогаш не ги гледа и не се кае за своите гревови. Но човекот се кае во смирение и затоа Бог го сака (монах Анатолиј Оптински).

Испитувај се себеси при секое изладување, да не е твоето срце врзано за нешто страсно, или да не си подлегнал на самоуверението и мислиш дека си нешто повеќе од другите. Или, можеби да не бараш - во суетна самодоверба – сам, преку сопствени средства да достигнеш совршенство? – Тоа се најчестите причини за изладувањето. Штом довербата и надежта во Бога, макар и незабележливо се намалени, сè поаѓа наопаку. Тогаш Господ се повлекува назад и вели: остани со она во што се надеваш. На изладувањето обично му претходи некаква врзаност на срцето. Штом срцето или умот за нешто страсно се врзат, враќањето во себе е оневозможено. Тогаш потребно е срцето по секоја цена да се оддели од соодветниот објект. Зашто секое страсно врзување за луѓе и за предмети одделува од Бога.

Затоа ревнувај за своето спасение и чувај се најстрого од изладување; тоа започнува со заборавеноста. Ги забораваме Божјите добрини и Него Самиот, ја забораваме сопствената состојба, ја забораваме опасноста од живеење без Бога, ја забораваме и смртта; целата духовна област во нашиот живот се затвора, исчезнува. А кога сè ќе заборавиме, тогаш срцето се изладува и чувството за духовност пресушува. Покрај тоа, прво се запоставуваат духовните активности, а потоа сосема се отфрлаат. Запаѓаме во нечувствителност, невнимание и површност; Го забораваме Бога, смртта и Страшниот суд и му служиме само на своето сладострастие. Тоа е празен живот (свети Теофан Затвореник).

 

 
< Претходно   Следно >