Литургија на претходно осветени дарови |
12.03.2008. | |
На ден 12. 03. 2008 година, ден среда, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенство од велешкото архиерејско намесништво отслужи Литургија на претходно осветените дарови. Литургијата беше отслужена во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. По Литургијата беше благословен и осветен празничен колач, посветен на светиот маченик Агатангел Битолски.
На многаја лета, Владико.
Во присуство на Митрополитот Агатангел во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, од понеделник до четврток, се служи големо повечерие со Великиот канон на Св. Андреј Критски, а во петок попладне од 17, 00h. ќе се отслужи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица.
|
< Претходно | Следно > |
---|