Дружење со лицата со церебрална парализа од Велес |
24.10.2019. |
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел се оствари уште една успешна средба со членовите на здружението на лица со церебрална парализа од Велес, со која продолжува повеќегодишната соработка помеѓу ова здружение и Повардарската епархија. Овој пат, на барање на ова здружение, остваривме посета на манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во село Мокрени. И ова, ново дружење, меѓу нас, вработените во Повардарската епархија, кои со благослов на нашиот Митрополит бевме на ова патување и дечињата и нивните родители, повторно беше исполнето со радост, бидејќи на еден ден децата и нивните родители заборавија на проблемите со кои секојдневно живеат и се посветија на прекрасната дружба. Повардарската епархија им изразува благодарност на г-ѓа Далиборка Златева, претседател на ова здружение, како и на сите деца и нивните родители, за одржувањето на оваа жива врска меѓу Повардарската епархија и ова здружение кои со секоја нова активност ја прават се подлабока и позначајна.
|