Преосветување во манастирот „Св. Јован Крстител“ |
30.09.2019. | |
![]()
На 29. 09. 2019 година, се изврши преосветување на манастирската црква „Св. Јован Крстител“ во Ветерско. Чинот на преосветување на храмот го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе клирици на Повардарската епархија. По чинот на осветувањето се отслужи и Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Чинот на преосветување на храмот, како и Божествената Литургија молитвено ги проследија голем број верници. Манастирската црква „Св. Јован Крстител“ во Ветерско се преосвети по завршувањето на целосното надворешно и внатрешно реновирање, при што беше поставен нов инокостас, како и нов фрескоживопис. Митрополитот Агатангел во оваа прилика им подели благодарници на сите оние кои ја помогнаа целосната реставрација на овој храм. |
< Претходно | Следно > |
---|