Рождество на Пресвета Богородица |
23.09.2019. | |
![]()
На празникот на раѓањето на мајката над сите мајки, мајката од чија утроба се роди Спасителот на светот, која што прва го слушна гласот на ангелот како и довикува: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“, многуброен народ доаѓа да ги посети Божјите храмови низ целиот свет и со молитвено поклонение и молитви кон Божјата Мајка да го побара нејзиното застапништво пред престолот на Господ Бог, Исус Христос. Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Архиерејската Божествена Литургија во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево. Повеќе информации на веб-страната на Бигорскиот манастир. |
< Претходно | Следно > |
---|