Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow За православната вера и живот... arrow Настани во најава arrow Осветување во Ветерско
Осветување во Ветерско
16.09.2019.
Sample Image
 

Почитувани,

МПЦ - Повардарска православна епархија со огромна духовна радост Ве поканува да присуствувате во манастирскиот комплекс „Свети Јован Крстител“ во село Ветерско, на преосветувањето на возобновениот храм.

Ќе ни претставува особена чест, доколку со Вашето ценето присуство го збогатите овој семакедонски и сеправославен собор.

29. 09. 2019 (НЕДЕЛА)

  • 08.00 часот - Чин на преосветување на возобновениот манастирски храм „Св. Јован Крстител“ во село Ветерско, чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители на Повардарската епархија;
  • 09.30 часот - Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители на Повардарската епархија;
  • 12.30 часот - Свечена трпеза на љубовта.
 
< Претходно   Следно >