Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Прочка - Поклади
10.03.2008.
 
Sample Image
 
На 09. 03. 2008 година, ден недела, беше отслужена Архиерејска Божествена Литургија во Соборниот храм „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес. Со Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и бројно свештенство на Повардарската епархија. 


Sample Image
 
Во проповедта изречена пред присутните верници, Митрополитот Агатангел рече:

„Драги мои духовни чеда,

 

Денес сме исполнети со духовна радост затоа што еден брат од Светиот Архиерејски Синод ја прифати поканата да дојде на овој убав ден, ден посветен на Воскресението, бидејќи секоја недела е посветена на Воскресението, ден за кој еден од Светите отци вели: „и птиците си велат ,прости ми,“ ден кога треба да ги пружиме рацете и од длабочината на своето срце на секој наш брат, сестра, мајка, татко да му кажеме прости ми. Ова е ден кога Господ бара реформа на нашата душа, од денеска па се до Воскресението, Спасителот наш Исус Христос бара душата наша да се соедини со него, бара од нас чистота, добрина, љубов, милосрдие.

Светиот Ефрем Сирин, кој бил учител во првиот век, уште во зародишот на христијанството, разговарал со ангелот како треба да пости и дали вистински го применува христијанскиот православен пост. И ангелот не бил задоволен од него. Тој не бил задоволен затоа што не давал милостина, драги мои. Бог барал и тогаш, бара и денеска и секогаш ќе бара од нас милостина. За време на постите, можеме да заштедиме нешто од нашите месечни приходи, бидејќи храната е пооскудна, посиромашна. Да не ги чуваме тие пари за Велигден, за да имаме богата трпеза, но според сознанијата од Ефрем Сирин, од она што ангелот му  го кажал, треба да го поделиме тој вишок пари со сиромашните, со оние што немаат.

Ве повикувам сите вас, драги мои браќа и сестри, чеда на Македонската Православна Црква, бидејќи во градот имаме црковно-народна кујна во која стотици луѓе се храната таму и секојдневно имаат по еден топол оброк. Оваа заштеда што ќе ја направиме по пораката на ангелот Господов, со кого разговарал Св. Ефрем Сирин, да ја почитуваме и да помогнеме на тие луѓе. Ве повикувам да помогнете и ве повикувам исто така да одите кај своите најблиски роднини, пријатели, да појдете кај сите оние и кои ни погрешиле и на кои сме погрешиле и кај оние кои не ни погрешиле и немојте да се срамите да кажете „брате, сестро, прости ми“ бидејќи, денеска, како што реков на почетокот и животните си простуваат.“

  
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
   
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Пред присутните верници прповедаше и Митрополитот Пимен, кој меѓу другото, истакна:
 

„Суштината на барањето прошка е да ги осознаеме нашите гревови. Да се сетиме на оние примери што во претходните недели ни ги  даде Господ Исус Христос, преку Евангелијата кои ги читавме во тие недели, да се потсетиме и да се споредиме со нив и да видиме на кого сме згрешиле. Со тоа што сме згрешиле, сите ние треба во себе да најдеме покајание и најпрвин да се измириме со своите браќа, затоа што токму за ова Црквата ни го дава овој ден пред да влеземе во Великите Пости да се измириме едни со други, да побараме прошка за нашите гревови, за да може и Бог да го прими нашето покајание. Ако не го направиме ова нема да можеме да стигнеме ниту да ја кажеме милотвата Оче наш, зашто во неа велиме Господе прости ни ги нашите гревови, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници. Пред нас е Великиот Пост. Во него почнуваме да постиме, но постот не е само физички, не е само телесен, каде ќе се воздржуваме од храна и од пиење, туку е пост во кој треба и духовно да постиме. Треба да постиме со молитва, да постиме со тоа што ќе се обидеме да не грешиме на другите. Само така со отворени срца кон Бога и исповедани пред нашиот духовен отец ќе можеме да почнеме да постиме и да го издржиме Великиот Пост и да можеме по него да влеземе во Небесната радост со Христа Бога и со срцата православни.“

 
 
Sample Image
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< Претходно   Следно >