20.08.2019. |
На големиот христијански празник, Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор, во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од целата епархија.
Митрополитот се обрати со празнично слово кон собраниот верен народ, толкувајќи го Светото Преображение на Господ Христос пред тројцата Негови ученици, а на крајот на Литургијата, Митрополититот и свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови.
|