Света Божествена Литургија во Скопје |
2.07.2019. |
На 29. 06. 2019 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. На Литургијата сослужуваа свештеници од повеќе епархии на Македонската православна црква, а исто така молитвено присуствуваа верници од многу македонски градови. На Литургијата беа принесени молитви за зачувување на традиционалните семејни вредности, а под истото мото, по завршувањето на Литургијата, беше организирана и Поворка од многубројното свештенство и народ, која го започна своето движење од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, а крајната дестинација беше Соборниот храм на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија во Скопје.
|