Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Поставување на спомен плоча во село Пирава
    
  Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image Sample Image   Sample Image   Sample Image   Sample Image
 
Поставување на спомен плоча во село Пирава
28.05.2019.

 

Sample Image

 

Sample Image На 25. 05. 2019 година, Повардарската епархија и Украинската амбасада во Македонија, поставија спомен плоча на протоереј-ставрофор Алексеј Моргуљ и неговата протопрезвитера Текла Моргуљ во дворот на црквата „Св. вмч. Георгиј“ во село Пирава. Спомен плочата ја освети Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Оваа спомен-плоча е во слава и чест на свештеникот и професор на поранешнето Богословско Училиште во Битола, протоереј-ставрофор Алексеј Моргуљ, како и на неговата протопрезвитера Текла Моргуљ, родум од Полтава и Одеса – Украина. Принудени да ја напуштат својата татковина од виорот на Октомвриската револоција 1918 година, животното патешествие ги довело во Македонија, односно во с. Пирава, каде целосно и посветено, долги години, му служеа на Бога, го проповедаа православието и несебично го помагаа секој кој бил во невоља. Верниците од село Пирава и од Пиравската парохија, летото Господово 2019-то, а по повод 40 години од нивното упокојување, со оваа спомен плоча, им оддаваат вечна слава и почит, со надеж дека нивното добро дело на идните генерации ќе им служи како добар и корисен пример.

 
< Претходно   Следно >