Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Цркви и манастири arrow Хуманитарна дејност
Хуманитарна дејност
23.11.2007.

 

 

 
 

 

Повардарската епархија и Мисионерско-хуманитарната организација „Ѓаконија“ во Велес отворија црковна народна кујна. Во новоотворената Црковно - народна кујна во уреден и соодветно опремен амбиент топол оброк секојдневно ќе можат да добијат граѓаните на кои им е неопходна таква помош. Тие ќе можат пет дена во неделата да добиваат по еден бесплатен оброк во денот.

Со чинот на осветување на Црковно народната кујна чиноначалствуваше г. Агатангел, митрополит на Повардарската Епархија, која во понатамошниот период ќе ја обезбедува храната и ќе ја одржува кујната.

 „Не исполнува духовна радост зошто се исполни дамнешната желба на Повардарската Епархија и верниците. И во најбогатите земји ќе најдете луѓе со подадена рака кои бараат помош. Убаво е кога се подарува и тоа не' прави посреќни. Кујната е за сите граѓани на кои им треба топол оброк. Не срамете се да дојдете да се храните, тоа е човечка потреба. Црквата секогаш е со народот и должни сме да му помогнеме - рече Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел кој ги повика граѓаните во животот секогаш да најдат сила и пригода да помогнат и да бидат хумани.

 

Sample Image

 

 

Sample Image
 
 


 

 

Sample Image Sample Image

 

 

 

 

 

 

 

    

 

 

  



  Sample Image Sample Image

 

 

  

 

 

 

 

 

   

  

 



  

 

 

Sample Image
 
Sample Image
 
Sample Image 


 

Повардарската епархија ја изгради црковно-народната кујна заедно со Македонскиот центар за меѓународна соработка и Општина Велес. Истата ќе обезбедува топол оброк за 200 лица, а во договор со фондацијата „Фокус“ ангажирани се млади волонтери што храната ќе им ја доставуваат до дома на неподвижните, старите и на изнемоштените лица.

 

 

Sample Image
 
Sample Image 
 
Sample Image 

 

 

Во рамките на свеченото отворање на Црковно-народната кујна, градоначалникот Аце Коцевски ги потенцираше заложбите на Општина Велес за помош поддршка и еднаквост на сите граѓани „Посакувам со текот на времето да има се помалку корисници на услугите на народната кујна“ порача Коцевски со напомена дека Општина Велес и во периодот што следи ќе прави напори за подобрување на животот на маргинализираните групи граѓани.

Во името на МЦМС за проектот говореше извршниот директор Сашо Клековски кој го потенцираше значењето на хуманоста и поддршката на сите оние на кои им е потребна „Сметам дека најмногу од се се значајни партнерствата кои можат да направат многу за граѓаните“, рече меѓу другото Клековски.

 

Општина Велес во рамките на проектот го отстапи објектот, ја набави опремата и го уреди просторот пред Црковно народната кујна.

 

 

 

 

 
Следно >