Акатист кон Пресвета Богородица |
15.04.2019. | |
На 12. 04. 2019 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес беше отслужено мало Повечерие со целиот Акатист кон Пресвета Богородица. На богослужбата присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а служеа повеќе свештенослужители од градот Велес. Инаку на оваа вечерна богослужба, се чита целиот Акатист кон Пресвета Богородица, кој пак, за време на Великиот Пост се служи во петоците од петте седмици од Великиот пост. По завршувањето на малото Повечерие традиционално беа осветени петолебија, кои верниците ги земаат за здравје и благосостојба. Акатист кон Пресвета Богородица беше отслужен и во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.
|
< Претходно | Следно > |
---|