8.04.2019. |
И годинава, голем број на верници во Велес ги посетија православните храмови, присуствувајќи на Божествените Литургии по повод овој ден, за повторно и повторно да ја слушнат благата вест. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.
|