Четврта статија од Богородичниот Акатист |
8.04.2019. |
Во четвртиот петок од Великиот Пост, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, беше отслужено мало повечерие со последната, четврта статија од Богородичниот Акатист. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештенослужители од градот. По читањето на последната статија од Акатистот, свештениците ги осветија петолебијата за здравје и спасение на верниците.
|