Промоција на книгата за царското семејство Романови |
4.04.2019. |
Руската амбасада и Повардарската епархија денес организираа промоција на книгата за царското руско семејство Романови „Љубовта е посилна од смртта“, книга која е издадена од издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“. Оваа промоција се одржа во Музејот на Македонската борба, а се организираше во спомен на 100 годишнината од убиството на царското семејство Романови. На настанот говореа амбасадорот на Руската федерација, Неговата Екселенција г-дин Сергеј Баздникин и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Покрај промоцијата на книгата, беше организирана и изложба на слики од царското семејство. На промоцијата присуствуваше дел од дипломатскиот кор во земјава, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и бројно свештенство. За издавањето на оваа книга, на Повардарската епархија, односно Митрополитот Повардарски г. Агатангел му беше доделена благодарница од Неговата светост, Патријархот Московски и на цела Русија, г. Кирил. Преводот на книгата го направи протоереј Борислав Бобевски.
|