Втора статија од Богородичниот Акатист |
25.03.2019. | |
На 22. 03. 2019 година, во петок од втората седмица од Великиот Пост, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се отслужи втората статија од Богородичниот Акатист. На крајот на вечерната богослужба беа благословени и прекршени празничните лебови. Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Успение на Пресвета Богородица“ и „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, како и во останатите храмови на територијата на Повардарската епархија.
|
< Претходно | Следно > |
---|