16.03.2019. |
Во првата сабота од Великиот Пост, која православната Црква ја посвети на споменот на свети Теодор Тирон, беше отслужена Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Светата Литургија на Тодорова сабота, како и секоја година, ја одбележаат големиот број верници кои доаѓаат во храмовите ширум Повардарската епархија да ги примат Светите Христови Тајни, па така и оваа година во храмовите во градот Велес, пристапија речиси сите присутни верници кон светиот Путир, за да ги примат светите Тајни.
|