Светиот маченик Агатангел Битолски |
11.03.2019. |
На празникот на кој Светата православна црква го чествува споменот на Светиот новомаченик Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски, кој го носи името на овој маченик, отслужи Божествена архиерејска Литургија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес во сослужение на сите намесници и бројно свештенство од Повардарската епархија. Со празнично слово и именденска честитка од името на целиот клир и целото патство на Повардарската епархија се произнесе свештеник Игор Пармачки, кој му посака на Митрополитот Агатангел како и досега, успешно да долголетсвува на почвата Господова, и уште долги години да биде пример за ревносно извршување на Словото Божјо и ревносната љубов кон својот македонски народ, кој сите ние ќе го следиме. По завршувањето на Литургијата беше осветен и прекршен славскиот колач и беше послужена трпеза на љубовта. На многаја лета, владико свет!
|