14.02.2019. |
На празникот Сретение Господово Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици од епархијата, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес. На овој празник се извршува чин на осветување и благословување на црковните свеќи, па така Митрополитот Агатангел ги освети и благослови црковните свеќи, а исто така овој чин се изврши во сите архиерејски намесништва на Повардарската епархија.
|