Архиерејска Литургија - Гевгелија |
31.12.2018. |
На 30. 12. 2018 година (Неделa на св. Праотци) во манастирот „Вознесение Христово - Свети Спас“ во Гевгелија се отслужи света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештеници од Гевгелиското aрхиерејско намесништво. На Литургијата присуствуваа и дечињата од Бадниковата поворка во Гевгелија. Тие пред својот Дедо Владика ја испејаа песничката Вечниот Бог и му подарија Божикна честитка со искрени желби. Владиката им се заблагодари на дечињата за ангелогласното пеење и искрената љубов и на секое дете му подари Божикно пакетче.
Известува: Протоереј Љупче Миланов
|